| |

Орбан не очекува прекин на конфликтот со Сорос

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека очекува неговиот конфликт со либералната идеологија на фондацијата „Отворено општество” на американскиот финансиер Џорџ Сорос да продолжи и покрај одлуката на организацијата да ја напушти Унгарија, соопштува „Ројтерс”.

„Можете да дознаете, ако не почнам да плачам”, коментира Орбан пред државното радио MR1, запрашан за активностите на „Отворено општество”, додавајќи дека главното прашање што ги отсликува основните разлики меѓу него  и Сорос – нелегалните емигранти, ќе остане најважен дел од европската агенда.

На самитот на европските лидери во крајот на јуни не треба да се прават големи промени во начинот на кој континентот ќе се справува со емиграцијата, додаде Орбан, нагласувајќи дека таквите одлуки мора да бидат земени по изборите за Европскиот парламент во 2019 година , за да можат европските гласачи да го кажат својот став на оваа тема.



Слични Објави