ОРКЕСТАРОТ ПРИ ФОЛКЛОРЕН АНСАМБЛ „ЉУПЧО САНТОВ“ СО ПРВА НАГРАДА НА МЕЃУНАРОДНИОТ МУЗИЧКИ НАТПРЕВАР „СЕРГЕЈ МИХАЈЛОВ“ ВО ШТИП

Оркестарот на изворни народни инструменти при Фолклорниот ансамбл „Љупо Сантов“ од Оризари освои прва награда во категоријата традициски состави на Меѓународниот музички  натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип, што се одржа во периодот од 16-ти до 20-ти ноември.

loading...

Поединечна прва награда освои и  Никола Стојов, член на оркестарот.

На музичкиот натпревар учествуваа повеќе музичари и музички состави распоредени во неколку категории од различни музички училишта и ансамбли.


loading...