|

Осип на лицата кај дел од учениците, замор и главоболки, Народниот првобранител бара скратени часови, Царовска вели: Не одлучуваме ние

Народниот правобранител бара часовите во училиштата да бидат пократки, а паузите помеѓу часовите почести и подолги. Ваков допис од канцеларијата на Омбудсманот испратиле од МОН. Ваквиот допис доаѓа по увидот на терен по поплаки на родители. Од Народниот правобранител велат дека одредени одделенија во еден ден имаат и по седум часови, кои траат по 40 минути. Сето тоа проследено со протоколите предизивкува проблеми кај учениците, како што се голем замор, главоболки и намалена концентрација. Кај дел од децата родителите се пожалиле дека се појавил осип поради маските.

На барањето на Народниот правобранител за скратени часови како и бесплатни брзи тестови за учениците, министерката Царовска со одговор:

-Планот за спроведување настава со физичко присуство е усвоен уште во јули, тој е доставен до училиштата и по истиот тој план се спроведува наставата. Протоколите се поставени од Комисијата за заразни болести и заедно со нив се утврдени сите елементи кои според планот за работа треба да бидат исполнети. Токму затоа укажувам дека Министерството ниту одлучува за тестови, ниту за протоколите. Здравствените власти ја водат пандемијата и успешно се справуваат и затоа продолжуваме да ги следиме инструкциите на Комисијата.

Извор:zoom.mk

Слични Објави