ОСМАНИ: ОБЕЗБЕДЕНИ 55 РЕСПИРАТОРИ- 25 СЕ ВО ДЕПО ВО ТУРЦИЈА, А 30 ТРЕБА ДОПРВИН ДА СЕ ПРОИЗВЕДАТ ВО КИНА

Државата обезбеди 25 респираторни машини, со пари донирани од Норвешката амбасада. Тие во моментов се во депо во Турција. Се бара начин како тие да се транспортираат до Македонија, информираше вицепремиерот Османи, јавува Сител.

Обезбедени се и 30 респиратори од Кина. Поради големата побарувачка во моментов, сепак ќе мора да се чека тие прво да бидат произведени па тогаш да бидат испорачани. Според Османи, досега 100 земји нарачале апарати за дишење од Кина. Овие апаррати се купени од првите 4 милиони евра добиени од ЕУ. Останатите средства кои Унијата ни ги додели во износ од околу 70 милиони евра ке бидат искористени на санирање на последиците од пандемијата. Се разгледува можноста земјата да добие пристап кон средствата на европскиот солидарен фонд, а олеснувачко е тоа што Македонија доби одлука за преговори.

Османи се надева дека по првичниот шок од епидемијата Еу ке почне да ги активира механизмите за справување со кризата и помош на оние на кои им е најпотребна.