„ОТАДЕ ЦРНИЛОТО“ НА ВЕЛИМИР ЖЕРНОВСКИ ОД ВЕЧЕРВА ВО МСУ

Вечерва, во 20.00 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје , свечено ќе биде отворена самостојната изложба на Велимир Жерновски насловена како „Отаде црнилото“…

Изложбата на Жерновски е критика на монструозната логика на капиталот. Алармира за неизвесноста на нашата иднина, за можноста неповратно да ја загубиме својата природна и симболичка средина и да се сведеме на празна обвивка, на тело без супстанцијална содржина.

Неговата видеоинсталација е визија на едно такво тело, тело редуцирано само на својата основна функција: дишењето.
Изложбата е поддржана од Министертвото за култура на Р.М, а ќе биде отворена за јавноста до 1 јули 2018.



Претходна статија

ВЕЧЕР НА РАСКАЖУВАЊЕ КВИР ПРИКАЗНИ ВО КИНО КУЛТУРА

Следна статија

„ЖЕЛЕЗНИОТ СВЕТИЛНИК“ НА ТАЛЕВ ЌЕ СЕ ИГРА НА СЦЕНАТА НА МНТ

Најново од Култура