Откажан концертот, но не и централната манифестација, Груби вели дека ќе се одржи согласно сите протколи

/

Критиките за манифестацијата на 20 -годишнината од Охридскиот договор во времето на пандемијата, првиот вицепремиер, Артан Груби, ги нарече неосновани, бидејќи, како што вели, манифестацијата ќе се одржи со почитување на протоколите за заштита од корона вирусот , но сепак концертот ќе биде откажан.

„Главниот настан на 13 август кој ќе се одржи во „Александар Палас“ ќе биде согласно предвидените протоколи на Министерството за здравство и Комисијата на Министерството за здравство, односно во сала со капацитет за над 1.500 лица, нема да има повеќе од 200 присутни, сите ќе носат маски, ќе им се мери температура и ќе ја држат потребната дистанца. Додека, последната манифестација со која сакавме да го заокружиме одбележувањето на Охридскиот договор, големиот концерт на плоштадот „Македонија“ одлучивме да го откажеме поради порастот на бројот на заразени со коронавирус.“, вели Груби.
Целиот напис прочитајте го овде.



Извор:zoom.mk

Претходна статија

Град со големина на орев погоди делови од Преспа

Следна статија

СЗО ќе испитува три нови лекови против Ковид-19

Најново од Вести