| |

ОТКРИЕНИ 550 КГ. ГМО ОРИЗ ОД КОЧАНИ

Од Агенцијата за храна и ветеринарство на прес конференција известија дека „при реализација на програмата за мониторинг  на безбедноста на храната во Р. Македонија утврдено е кај две пратки, присуство на ГМО. Првата пратка е ориз произведена во кочанско со количина околу 550 кг. Према операторот со храна е изречена мерка казна од 5000 евра и према одговорното лице 1700 евра. Втората пратка каде што има утврдено ГМО е соја (соини презли и шницли) со потекло од Србија, количината е околу 510 кг. Производот е повлечен од продажба. Кај овој производ се чекаат резултатите од супер анализата, по добивањето на резултатите пратката ќе биде соодветно уништена.
Во моментот Агенцијата изработува  акционен план за контрола на овогодишната реколта на ориз кој треба да се произведе и ќе побараме заедно координирано со Министерството за земјоделие и надлежните служби да се земат мостри за да се утврди точно од каде е земен тој семенски материјал со кој што е произведен тој ГМО ориз во Р. Македонија.
И при спроведувањето на програмата за квалитетот на мелено месо и месни производи, кај пет оператори покрај декларираното месо користеле и живинско месо кое воопшто не е дозволено според сегашниот правилник за мелено месо и трајни и полутрајни производи. Овие 5 оператори се казнети во висина од 5000 евра а одговорното лице со 1700 евра.“



Слични Објави