| |

ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ

Врвот на Баба планина, Пелистер утрово под снежна покривка. Оваа фотографија пристигна утрово. Како и што најавуваа метеоролозите, од денеска ќе имаме значајно опаѓање на температурите, а на повисоките места можни се и врнежи од снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветeр од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 10, а максималната од 12 до 18 степени.

И во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд.

Слични Објави