|

Пак бомби, училишта во Скопје и Прилеп добиле пораки за поставени експлозивни направи

Повторно дојави за бомби. И денеска родителите беа повикани да си ги земат своите деца од училиште.

Според информациите од МВР, денеска, до 14.40 часот, во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и во четири училишта во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Слични Објави