Панакотa со боровинки

Состојки:
– 1 пакетче желатин
– 1 пакетче ванила
– 2 лажици шеќер
– 2 лажици џем од боровинки
– 300 мл. свежо млеко
– 200 мл. неутрална павлака

Подготовка:
Растворете го желатинот во малку ладна вода. Загрејте го млекото заедно со шеќерот. Ставете го растворениот желатин во топло, (не жешко) млеко заедно со ванилата. Мешајте додека желатинот не се раствори. Додадете ја павлаката и повторно промешајте. Ставете ја смесата во чаши и оставете ја панакотата во фрижидер да се излади.
Џемот растворете го со малку млака вода и ставете го врз панакотата пред сервирање.

На здравје!



Слични Објави