ПАНИКА ВО БАРСЕЛОНА: МЕСИ СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ СИ ОДИ, АКО НЕ ДОЈДАТ – ЧЕТИРИ ЗАСИЛУВАЊА?!

Навивачите на шпанска Барселона сериозно стравуваат дека можно е на крајот на сезонава да останат без првата ѕвезда Лионел Меси, кој може слободно и без обесштетување да си замине од „Камп Ноу“, после информациите на блискиот до каталонската гордост, спортски весник „Мундо Депортиво“, кој најавил дека Аргентинецот се заканил со заминување ако не му се исполнат неколку желби.

Пред една недела беше најавено дека првиот човек на Барса, Жозеп Бартомеу веќе се сретнал со таткото на Меси, Хорхе за да преговараат за нова соработка. И за Меси, финансискиот дел и желбата да остане во Барселона не се спорни. Дури и наводно не барал некое преголемо покачување на платата од таа што ја има сега, но поставил ултиматум дека клубот мора сериозно да се засили со – четири капиталци.

Меси во моментов го одработува актуелниот важечки договор потпишан во 2017 година според кој сосе плата, бонуси, премии, имиџ-права има 100 милиони евра гарантирана годишна заработувачка. Сега, Аргентинецот би постишал под исти услови, но Барса треба да му гарантира долгорочен план за освојување на најпрестижните трофеи, а сето тоа зависи и од сериозните засилувања.

Шпански медиуми веќе и ги откриле кои се на листата на желби што Меси сака да ги види во своите редови. Прво е да се купи врвен стопер, зашто Самуел Умтити е пред заминување, а Жерар Пике близу до пензија и на листата е Мартин Шкринијар од Интер или Калиду Кулибали од Наполи.

Втор е изборот за десен бек, зашто Нелсон Самедо не е врвно ниво, а Серхи Роберто не е класа како Жорди Алба на лев бек, па затоа Џошуа Кимих од Баерн Минхен бил изборот на Меси за оваа позиција.

Трет е играч за врска за кој Меси наводно имал низа опции, но конкретно не споменал име, јасно ставајќи само до знаење дела е потребен фудбалер кој би бил стабилен и практично би го држел средниот ред во кој засега преовладуваат младите Артур и Де Јонг, но не се преискусни доволно.

Во нападот, пак, имал три имиња. Прв избор му е Килијан Мбапе, а зад нив Мохамед Салах или Џејдон Санчо.

Од актуелниот список, најмалку 400 милиони евра (со просек од 100 милиони по играч) ќе и требаат на Барса за да донесе четири капиталци, а сооглед дека Мбапе чини 300, Салах 200 милиони, Кулибали и Шкринијар не се под 100, а за врвен фудбалер за врска ќе требаат од 100 до 150 милиони, Барселона ќе треба еден цел буџет да потроши за да му ги оствари желбите на Аргентинецот.

Извор: Спорт1



Слични Објави