| |

Папата Франциск се плаши од нуклеарна војна

Папата Франциск рече дека се плаши од нуклеарна војна. Главата на Римокатоличката црква ги повика сите земји ширум светот да ги почитуваат нивните обврски за нуклеарно разоружување. Според папата, за да се предизвика војна во моментот е доволен само еден случаен инцидент. Тој истакна дека е потребно да се вложат сите напори за нуклеарно разоружување на земјите, додека се уште не е доцна, пишува весникот La Repubblica.

„Да, навистина се плашам. Се наоѓаме на работ. За да избувне војна, е доволен само еден случаен настан. Потребна е кардинална промена. Оружјето треба да се уништи, треба да се вложат сите можни напори за нуклеарно разоружување “, рече папата Франциск.

Поглаварот на Римокатоличката црква им покажал на новинарите слика од 1945 година, снимена во јапонскиот град Нагазаки. Според зборовите на папата Франциск, на неа е сликано момче кое го носи своето мртво братче во крематориумот по експлозија на нуклеарната бомба. Папата истакнал дека е шокиран од оваа слика и ја опишал како „плод на војната“.

Слични Објави