| |

Партискиот суд на СДСМ уште еднаш срамно го погази правото во Македонија

Партискиот суд на СДСМ уште еднаш срамно го погази правото во Македонија. Си поигрува со човечки судбини и политички притвора луѓе само за да ги задоволи нарачателите да уживаат во траумите предизвикани во семејствата на жртвите на оваа тортура, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Спротивно на одлуката највисоката судска инстанца во Македонија Врховниот суд, партискиот суд на СДСМ донесе одлука за притворање на дел од обвинетите лица за настаните од 27-ми април.

Судот уште еднаш докажа дека не одлучува соогласно Законите туку соогласно партиските директиви.

Правосудните органи, нехумано и надвор од сите правни стандарди и процедури си поигруваат со човечките судбини на приведените.

Притворот се користи како казна за оние кои први го кренаа гласот против ова зло кое што и случи на Македонија олицетворено во владата на СДСМ. Притворот се користи како казна за луѓето кои не се согласуваа со антидржавните политики на СДСМ. Овие луѓе не се и нема да бидат терористи без разлика што судот и обвинителството под притисок на власта сака така да ги претстави преку политички монтирани обвиненија.

Ваквите дејствија на правосудните органи се класична злоупотреба на законите и еден ден сите оние кои постапувале спротивно на законите ќе одговараат пред лицето на правдата.

Правосудните органи се ставаат во функција на човек за кој и пред судот има официјално сведочење дека барал поткуп од едно евро за себе, едно за партијата и едно евро за црквата од метар квадратен. Правосудните органи се под притисок да го покриваат криминалното работење на Зоран Заев со заплашување на сите кои мислат поинаку.

Зоран Заев е човек со дискутабилни морални вредности кој целата јавност го виде како ја злоупотребува својата службена позиција барајќи поткуп.

Злоупотребата од негова страна продолжува, а тој својата позиција ја користи за пресметка со своите политички противници. Тој повеќе нема кредибилитет да ја води Владата на Република Македонија, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави