| |

ПЕЦАКОВ: МАКЕДОНСКИ БРОД Е ЗАПУСТЕН, ЛУЃЕТО СЕ ИСЕЛУВААТ, НИКОЈ НЕ ОСТАНУВА

Македонски Брод е запустен, луѓето се иселуваат и никој не останува, сето тоа заради безперспективноста креирана од власта, наместо да работат за вас граѓаните тие секојдневно праваат криминал, рече Пецаков.

Тој потсети на бројните милионски тендери кои наместо фирми со долгогодишно искуство во областа ги добиваат ново форрмирани фирми без искуство во работата, а на чело на тие фирми често е некој близок на некој функционер од власта.

Се делат тендери од ќерка директор на татко бизнисмен, милионски бизниси се делат во четири очи, нетранспарентно и со сомнение за неправилности, нагласи Пецаков.

– Целиот референдумски процес сега што го спроведуваат им е токму за прикривање на овие криминали. Нема инвестиции во реалниот сектор, економијата тоне, нема развој ниту во образованието, ниту во здравство, напротив и тие сектори се зафатени со милионски криминал.

Договорот пак, кој толку силно го бранат е најштетниот договор некогаш потпишан во историјата на Македонија, со него се губи идентитетот, историјата, културата и традицијата на нашиот народ.

Пецаков кажа дека за овие година ипол откако СДСМ е власт, граѓаните немаат видено ништо добро. СДСМ и Заев знаат колку штета и нанесоа на државата, затоа и Заев бега од телевизиско соочување со Христијан Мицкоски, знае дека неможе да го оправда капитулантскиот договор, ниту пак да негира дека со договорот го губиме идентитетот, историја, културата и традицијата. Токму затоа оваа власт мора да си оди.



Слични Објави