Печено маринирано свинско месо

/

Состојки:
1 лажичка нишесте
4 лажици масло
1 лажичка ким
1 лажичка кора од лимон
1 лажичка сол
1 филџан бело вино
1 прстофат лут црвен пипер
1 лажичка лук во прав
2 лажици соја сос
1.5 кг. свинско месо

Подготовка:
Измешајте ги сите зачини со маслото и премачкајте го месото. Оставете го месото да отстои неколку часа. Потоа испржете го месото по 5 минути од секоја страна. Ставете го месото во тава, додадете ја мешавината во која се маринираше месото  и ставете го виното. Печете го месото 20-25 минути во загреана рерна на 200 степени. Сервирјте со салата по желба.

Добар апетит!



 

Претходна статија

Љубовен хороскоп за 2018 година

Следна статија

Погледнете ја убавината на Јапонија во зима

Најново од Магазин