Печено мисиркино месо

Состојки:
– 700 гр. мисиркино филе
– 1 портокал
– 3 чешниња лук
– 1 лажица рузмарин
– 2 лажици магдонос
– црн бибер – по вкус
– 1 кромид
– 3 лажици маслиново масло
– сол – по вкус

Подготовка:
1. Филето измијте го и исчистете го од маснотиите и жиличките.

Во соодветен сад ставете ги сокот од портокал, зачините, солта и маслиновото масло.

2. Изрендајте го лукот на ситно и потоа со него премачкајте го мисиркиното месо. Откако ќе го намачкате ставете го месото во сокот од портокал. Оставете го месото да отстои 2-3 часа во фрижидер.

3. Подмачкајте го дното на тавата со маслиново масло и покријте ја со алуминиумска фолија за полесно чистење. Ставете го месото и додаде го сокот од портокал. Оставете го 30 минути на собна температура.

4. Загрејте ја рерната на 195 степени и печете го месото околу 30 минути или се додека не добие златна боја.

На здравје!

Слични Објави