| |

„ПЕЈПЕР МИЛ“ КАЗНЕТА СО 20 ИЛЈАДИ ЕВРА И ЗАДОЛЖЕНА ДА ИЗГРАДИ НОВ ФИЛТЕР

Државниот инспекторат за животна средина ја казни кочанската компанија „Пејпер мил“ со 20.000 евра и обврска за два месеци да вгради филтер за да запре загадувањето на воздухот со ПМ 10 честички од нејзините оџаци, јавува Радио Кочани

Директорката на Инспекторатот Ана Петровска денеска информираше дека инспекторите активно работеле на новата жешка точка во Кочани, фабриката „Пејпер мил“. Компанијата, инпектори ја посетија минатиот месец кога беше откриено дека мерењата биле вршени од неакредитирана лабораторија и кога беше извршено вонредно мерење со што утврдиле дека фабриката загадува со прашина и јаглероден моноксид над дозволените граници.

„Фабриката беше задолжена да го смени горивото од пелети на метан за да не загадува. Во меѓувреме тие инсталираа опрема за озонирање и извршија корекции на воденото отпрашување. По новото мерење на емисииите, резултатите повторно беа над дозволените заради што беше изречена казна. Како трајно решение Пејпер мил во следниот период ќе треба да вгради филтер и сериозно да ги намали емисиите на ПМ честички“, посочи Петровска.

Таа информираше дека во изминатиот период Државниот инспекторат за животна средина направил 124 надзори од кои 28 се вонредни и издал 47 решенија за отстранување на недостатоци, две прекршочни пријави, две забрани за горење отпад и предлози за три казни. Вонреден надзор бил направен и во кругот на Железара каде беше констатирано дека повеќе инсталации работат без елеборати, кои ќе треба во најскоро време да ги изработат.



Слични Објави