ПЕНДАРОВСКИ ГО ПОТПИША УКАЗОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии, со кој им се враќаат средствата запрени во услови на вонредна состојба заради нивно користење за справување со економските и социјалните последици од здравствената криза.

loading...

Пендаровски, информираат од неговиот кабинет, очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес.


loading...