ПЕНДАРОВСКИ ГО ПРИМИ АМБАСАДОРОТ НА ДРЖАВАТА ИЗРАЕЛ, ДАН ОРЈАН

//

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Државата Израел, Дан Орјан.

На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Израел и беше констатирано дека двете држави во континуитет негуваат блиски пријателски односи, засновани на меѓусебна доверба и почит.

Двајцата соговорници се согласија дека Северна Македонија и Израел градат плодни економски релации, притоа изразувајќи подготвеност за интензивирање на соработката во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во областа на културата и туризмот.



Претседателот Пендаровски изрази задоволство од цврстата поддршка и помош што Државата Израел во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија, порачувајќи дека Израел во нашата држава секогаш ќе има искрен пријател и партнер.

Амбасадорот Орјан упати честитки до претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста, притоа реафирмирајќи ја неговата лична заложба за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете држави.

Претходна статија

ПРОБЛЕМОТ СО СРЦЕТО НЕ МУ ПОМОГНА НА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ЗА ПОБЛАГА МЕРКА-ДОБИ НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР

Следна статија

СРЕДБА НА ЗАЕВ СО СОЛУНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БУТАРИС: ОСТВАРЕНИ СЕ ЗАЛОЖБИТЕ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

Најново од Вести