Пендаровски од Генералното собрание на ОН: Подготвени сме за конструктивен дијалог со Бугарија

/

Почетокот на крајот на пандемијата е на повидок, треба да поддржиме нови идеи и иницијативи, а при соочување со сложените и меѓузависни проблеми на новото време ни треба посилно и подлабоко партнерство и солидарност. Тоа се дел од пораките што ги упати претседателот Стево Пендаровски, во обраќањето на генералната дебата од 76. сесија на Генералното собрание на ООН во Њујорк.

Пендаровски потенцираше дека Западен Балкан е соочен со сериозни предизвици во поглед на неговите аспирации за европска интеграција.

– Ако сакаме стабилен и просперитетен Западен Балкан како важна алка во континенталната и трансконтиненталната стабилност и безбедност, мора да разбереме дека итно е потребен пробив на планот на неговата европска интеграција – укажа Пендаровски, наведувајќи дека нашата држава продолжува да ги зајакнува внатрешната стабилност и развојот, како функционално мултиетничко општество, засновано врз начелата на демократија, владеење на правото и човековите права.



Изминативе скоро две години, рече во обраќањето, речиси и да нема држава која не беше сериозно погодена од ковид-19. Соочено со предизвик без преседан, човештвото се обедини и го мобилизираше целиот свој капацитет за да ги ублажи последиците од пандемијата и да се подготви за постковид епохата. И покрај разликите меѓу најразвиените земји и сите останати, што повторно испливаа на површина, бевме сведоци на серија одлични примери на солидарност и човечност низ светот. Иако битката не е целосно добиена, конечно можеме да видиме светлина на крајот на тунелот и повторно да се фокусираме на иднината. Во таа насока треба да поддржиме нови идеи и иницијативи, како што е иницијативата на Г7 ‒ Градиме подобар свет, инфраструктурно партнерство, насочено кон помагање на светот во развој, најсилно погоден од ковид-19, наведе Пендаровски.
Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Државата „глува“ за проблемите на глувите лица во земјава

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ бара анкетна за трагедијата во Тетово, Џафери го одбил барањето оти во него го немало уставното име

Најново од Вести