| |

ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАРТИЗАНСКА

Превртен автомобил на средина на коловозот остана неколку часа поради полицискиот увид. Во директен судир поради непочитување на семафорската сигнализација 5 луѓе се повредени во сообраќајна несреќа на булеварот Партизанска во Скопје.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила утрово околу 7 часот на булеварската раскрсница во Карпош, а се судриле автомобил мини-купер и форд транзит. Сите 5-мина патници во куперот се повредени, а тројца од нив имаат посериозни тешки повреди.

Повредените се на возраст меѓу 21 и 47 години. Очевидците велат дека несреќата се случила поради непочитување на црвеното стоп светло на семафорот. Возачот на комбето кому по несреќата му се активирало и воздушното перниче пак во изјави за медиуми тврдеше дека поминал на зелено по што бил удрен од мини-куперот кој се превртувал и се влечел по асфалтот на Партизанска.

Полицијата по увидот дополнително ќе ги соопшти причините за несреќата.



Слични Објави