Петровска: Решени сме да го спречиме нелегалното градење и бетонизација на ридот на Калето

/

Ридот на скопското Кале на кој се истакнува моќната фортификација и Музејот на современа уметност и од каде широкиот поглед паѓа на нашето Скопје, да го претвориме во културен предел, да го искористиме потенцијалот на овој драгоцен простор, е нагласено во соопштението од тимот на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Ана Петровска.

„Со Генералниот урбанистички план овој простор со исклучителни археолошки, културни и пределски вредности е наменет за зеленило. Меѓутоа, не е изработен Елаборат за валоризација на археолошкото наследство и затоа не е донесен Детален урбанистички план. Тој плански вакуум не е пречка за некои инвеститори помеѓу Калето и Музејот на современа уметност нелегално да изградат хотел. Има изградба и на други објекти на местото на стари куќи. Градењето може да земе замав, ако не се истражат околностите под кои е овозможено да се гради на ова заштитено земјиште. Постои наградено конкурсно архитектонско-урбанистичко решение што не се реализира без донесување на Деталниот план“, вели Петровска.

„Заедно со Зелен хуман град се бориме да го заштитиме Калето од нелегална градба и уништување на зеленилото. Тоа мора да остане како дел од континуираниот зелен коридор покрај реката Вардар. Да му го вратиме Калето на Скопје и скопјани“, потенцира Петровска.



Извор: temite.mk

Претходна статија

Пендаровски во Малме се сретна со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва

Следна статија

Арсовска: Згрозена сум од конструкциите што ги пласира СДСМ

Најново од Вести