Пилешки стекови во рерна со сирење и доматен сос

Состојки:
– 4 парчиња пилешки стекови
– 1 јајце
– 75 гр. лебни трошки
– 1 лажица масло
– 2 чешниња лук
– 400 мл. доматно пире
– 1 лажичка шеќер
– 1 лажица оригано
– 125 гр. моцарела
– 75 гр. пармезан
– црн бибер
– сол

Подготовка:
Пилешките стекови зачинете ги со бибер и сол и завиткајте ги во проѕирна фолија. Со помош на кујнско чеканче истенчете ги. Потопете ги во јајцето па во лебните трошки и оставете ги во фрижидер да отстојат 10 минути.

Во тава ставете го маслото и пропржете го лукот додека да омекне. Потоа додадете го доматното пире, шеќерот и ориганото. Измешајте убаво и оставете го сосот да врие на тивок оган 5-10 минути.

Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ги стековите по 5 минути од секоја страна. Откако ќе бидат готови ставете го сосот врз нив. Нарендајте го пармезанот и моцарелата. Вратете го јадењето во рерната за да се стопи сирењето.

На здравје!

 



Слични Објави