ПИЛЕШКО МЕСО СО ПАВЛАКА

Состојки:
– 500 гр. пилешки гради
– 30 гр. путер
– 30 гр. брашно
– 150 гр. маринирани печурки
– 150 мл. павлака
– 1 лажичка. црвен пипер
– 1 прстофат црн бибер
– 1 лажичка сол

Подготовка:
Пилешките гради исечете ги на мали парчиња. Зачинете ги со црн бибер и црвен пипер. Ставете го путерот во тава на оган и испржете го месото. Потоа ставете го брашното и со непрестано мешање пржете 1-2 минути. Печурките исцедете ги и кон нивниот сос додадете вода за да се добие 250мл. Ставете ја водата во месото и оставете да се вари со постојано мешање. Исечете ги печурките на тенки парчиња и додадете ги во месото заедно со павлаката. Оставете ја смесата да се вари околу 5 минути. Зачинете со сол и бибер по вкус.

На здравје!