Пита со јаболка

/

Состојки:
– 9 лажици шеќер
– 9 лажици брашно
– 9 лажици млеко
– 9 лажици масло
– 1 пакетче прашок за пециво
– 3 јајца
– 3 јаболка
– 1 лажица масло -за премачкување на тавчето
– шеќер во прав

Подготовка:
Измешајте ги јајцата и шеќерот со рачна мешалка. Додадете го брашното, прашокот за пециво и промешајте повторно. Потоа додадете ги млекото и маслото и мешајте се додека не добиете хомогена смеса.

Излупете ги и исчистете ги јаболката од семките. Исечете ги на мали парчиња, додадете ги во смесата и промешајте повторно. Смесата ставете ја во намрсена тава на 180 степени  околу 40 минути.
Доколку е потребно уште време за печење (проверете со чечкалица) покријте ја питата со фолија. Откако ќе биде готова и ќе се излади посипете со шеќер во прав.



На здравје!

Претходна статија

Она кога маж ќе појде на депилација (ВИДЕО)

Следна статија

Средновековната Трансилванија (ВИДЕО)

Најново од Магазин