ПЛАНИНАРИТЕ ДО ДИМКОВСКИ: ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА НА ДВИЖЕЊЕТО ВО ШУМА Е НЕРАЦИОНАЛНА И НЕОБМИСЛЕНА

/

„Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ), е крајно изненадена и разочарана од вашата избрзана, необмислена и нерационална одлука целосно да се забрани движењето на граѓаните во природа и во шумите кои се национално богатство и им припаѓаат на сите граѓани.
Причината која е наведена за донесување на ваквата одлука е крајно нерационална со оглед дека месец април и мај се највлажните месеци во годината, а на повеќето планини сеуште има снег.
ФПСМ и Клубовите-членки, стриктно ги подржуваат и практицираат мерките на Владата и Министерството за здравство, за индивидуална и колективна заштита од КОВИД 19, а доказ за тоа е што досега нема пријавено ниедно прекршување на овие препораки ниту од Клуб ниту од поединец-планинар.
Ние и понатаму ќе ги почитуваме сите мерки кои се препорачани и кои се во прилог на зачувување на здравјето,имотот и националните богатства.
Планинарите, како заљубеници во природара, шумите и планините се први кои се грижат и ги чуваат овие природни убавини и богатства.
Од таму, Вашата одлука да се забрани секакво движење во природа од наведените причини е:
– Прво, избрзана, неоправдана и нерационална не само од аспект на причините што Вие ги наведувате,туку и од здравствен аспект, поготово во услови во кои нашата земја и целиот свет се наоѓа.
– Второ, го суспендира основното човеково право на слободно движење и уживање на својата сопственост.
– Трето, ваква одлука е без преседан и досега не е спроведена во ниедна земја во светот.
Се надеваме дека ова наше укажување сериозно ќе го земете во предвид и ќе ја преиспитате Вашата одлука за добробит на сите граѓани, сите планинари, сите заљубеници на природата и особено во полза на нашето национално богатство и природни убавини“, се вели во реакцијата на претседателот на ФПСМ проф. д-р Јовица Угриновски до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.





Претходна статија

(ВИДЕО) ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО СТРУГА

Следна статија

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО: НЕ ГИ ПОКАНИВ ЈАС ВЛАДИНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ, СЕ СОСТАНАВМЕ ПО НИВНО БАРАЊЕ

Најново од Вести