| |

ПО ПЕКОЛНОТО ВРЕМЕ СЛЕДУВА ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

По екстремниот период на високи температури во нашата земја денеска не очекува мало разладување, како што најавија уште од вчера метеролозите попладне ќе има драстична промена на времето.

Во најавата стои дека денеска ќе имаме сончево и многу топло попладне, а подоцна во текот на денот и ноќта се очекува наоблачување со на места со пороен дожд и грмежи.

Според УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер од над 70 километри на час. Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претпладнево ќе биде сончево и многу топло. Од пладне ќе има зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Температурата ќе се движи од 21 до 38 степени.

И утре ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за пет до осум степени пониски. Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се со постепен пораст.



Слични Објави