| |

Почнува изградба на квантна комуникациска врска меѓу Софија и Букурешт

Започна изградбата на трансгранична квантна комуникациска врска меѓу Софија и Букурешт, која ќе биде дел од европската квантна комуникациска инфраструктура, соопштија од бугарското Министерство за иновации и раст, пренесува БГНЕС.

Заменик-министерот Борислав Банков изјави дека проектот претставува „стратешки значаен чекор кон побезбедна Европа“ и продолжување на веќе постигнатите резултати, потсетувајќи на постојната врска меѓу Софија и границата со Грција.

„Врската со Букурешт ќе обезбеди сигурен комуникациски канал за државни институции, научноистражувачки организации и стратешки компании во регионот“, рече Банков, додавајќи дека таа ќе ја поддржи дигиталната трансформација, кибербезбедноста и технолошкиот суверенитет на Европа.

Новата мрежа ќе ги поврзе националните системи на Кипар, Грција, Бугарија, Романија и Холандија, позиционирајќи ја Бугарија како регионален центар за квантни комуникации.

„Квантните комуникации веќе не се технологија на иднината, туку на сегашноста, која ќе ја одреди безбедноста на дигиталната инфраструктура во наредните децении“, нагласи Банков.

Слични Објави