ПОГЛЕДНЕТЕ КАКОВ ГЕСТ НАПРАВИ ЕДЕН ГОЛЕМ ПОРАНЕШЕН ФУДБАЛЕР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КЛУБОТ КАДЕ ШТО Е ТРЕНЕР

/

Тренерот на калчолигашот Наполи, Џенаро Гатузо се откажа од месечната плата за да им помогне на луѓето вработени во клубот од Неапол кои се на принуден одмор.

Поради пандемијата на коронаврусот спортот застана, а клубовите во целиот свет доживуваат големи финансиски удари.

Наполи реши сите вработени, освен фудбалерите и стручниот штаб, да ги испрати на принуден одмор и тоа во месеците март и април, што значи дека за тие луѓе овие месеци нема да примаат плата.



Поради тоа, Гатузо и спортскиот директор, Кристијано Џунтоли се откажале од своите месечни примања, со цел парите да им бидат поделени на 30-мина вработени кои се на принуден одмор.

Договорот на Гатузо со Наполи за првите 6 месеци беше потпишан на 1.5 милиони евра, што значи дека месечната плата која му изнесува 250.000 евра оди за луѓето кои овој месец се без примања.

Претходна статија

ФИЛИПЧЕ: ИГОР ЈАНУШЕВ МАНИПУЛИРА, ИМА ДОВОЛНО ЗАШТИТНА ОПРЕМА ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА

Следна статија

СЕДУМ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ОД СТРУШКАТА БОЛНИЦА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

Најново од Вести