ПОГЛЕДНЕТЕ КОИ 4 ЗЕМЈИ ОД НАШИОТ РЕГИОН ГИ ЗАТВОРИЈА ГРАНИЦИТЕ ЗА МАКЕДОНЦИ

Четири држави во регионот не дозволуваат влез на македонски државјани освен ако имаат дозвола за престој или пак транзитираат, пренесува Телма.

loading...

Во дел од соседните држави е дозволен непречен влез а во земјите од Европската унија македонските државјани може да патуваат само доколку имаат работна виза или дозвола за престој на подолго време поради препораките на Европската комисија за ограничување на несуштинските патувања до 30 јуни

МНР објави официјален документ, спиок на држави во Европа и светот со неопходните услови за влез или транзит на македонските државјани.

Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Грција се државите во регионот каде до 1 јули е забранет влез на македонските државјани освен за транзит или доколку имаат работна дозвола или дозвола за престој.



loading...

Хрватска во последен момент ги отвори границите за македонските државјани и туристи а за влез е потребна дозвола за престој или работа или хотелска потврда за резервација.