Поголем дел од светот се подготвува за петти бран од пандемијата, СЗО нема добри вести за 2022 година

/

Додека неколку земји ги релаксираат мерките за борба против пандемијата со ковид-19, голем дел од светот се подготвува за петтиот бран на пандемијата. Поради ниското ниво на вакцинација, пред се во сиромашните земји, пандемијата ќе продолжи во текот на цела 2022 година, предупреди денеска Светската здравствена организација.

Според бројките најтешка е ситуацијата во Источна Европа. Секојдневно се уриваат рекорди во бројот на заразени и на починати. Од денеска во соседна Бугарија е воведен задолжителен зелен сертификат за влез во сите затворени јавни простори.

Романија на 25 октомври воведува нови ограничувања – сертификати за ковид и задолжителна вакцинација за сите ученици.



„Почитувани Романци, ако сакате да ставите крај на оваа пандемија, вакцинирајте се! Ако не сакате да одите во болница и да не завршите на интензивна нега, вакцинирајте се! Немојте да мислите дека ве лажеме колку е опасен овој вирус, за да мора да се вакцинирате“, рече претседателот на Романија, Клаус Јоханис во обраќањето.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Астра Зенека подготвува нова терапија против ковид-19 која ќе штити до 18 месеци

Следна статија

Министрите за одбрана на НАТО ги усвоија целите за развој на армијата на Северна Македонија

Најново од Вести