ПОЛИЦАЕЦ РАНЕТ КАЈ КРУЖНИОТ ТЕК ВО НАСЕЛБА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ВО СКОПЈЕ
Попладнево ранет е еден полициски службеник на кружниот тек во населба Ѓорче Петров во Скопје, потврдуваат од МВР за ТВ21.
„Околу 16,40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во н.Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р.. Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за ТВ21.

