Полицијата казнила 259 возачи за брзо возење

/

Во текот на вчерашниот ден (10.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи. Од нив, 20 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 108 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.



Претходна статија

Сончево време со температура до 32 степени

Следна статија

ВО 13:30 ЧАСОТ: Марш во Тетово посветен на жртвите од пожарот во модуларната болница

Најново од Вести