ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕЛА НЕКОЛКУ ЛИЦА ПО ПРОНАЈДЕНИОТ ЖЕНСКИ ТРУП СПАКУВАН ВО ВРЕЌА

//

Полицијата привела неколку лица за случајот со пронајдениот женски труп спакуван во црна вреќа покрај патот кон скопското село Горно Оризари, посочуваат извори од истрагата, јавува Плус Инфо.

Станува збор за жена од Скопје, надлежните имаат информации и за можните мотиви, но во моментов повеќе детали не се соопштуваат во интерес на истрага.

Очекувањата на истражните органи се дека случајот ќе се расчисти за кратко време.

Женскиот труп во понеделникот попладне го пронајде Скопјанец додека работел на нива. Телото било во црна вреќа фрлена покрај патот по што веднаш пријавил во полиција, а обвинител нареди обдукција, јавува Плус Инфо .





Претходна статија

МИЦКОСКИ ОБВИНУВА: СЕ ПОДГОТВУВА НАЈГОЛЕМАТА ПЉАЧКА ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

СУДОТ ОДЛУЧИ: МОРИНА ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да