Полицијата растурила журки во повеќе градови, пронајдена дрога
Синоќа во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, ноќни клубови и дискотеки на територијата на цела држава.
„При контролата приведен е Ш.И.(27) бидејќи при преглед кај него бил пронајден кокаин“, велат од МВР.