Полнети ѓевреци со кашкавал

/

Состојки:
– 300 мл. свежо млеко
– 10 гр. свеж квасец
– 1 лажица шеќер
– 1 лажичка сол
– 3 лажици масло
– 450 гр. брашно
– 150 гр. кашкавал
– 1 јајце
– афионово семе за посипување
– ким – за посипување

Подготовка:
Во мал сад, измешајте топло млеко (5 лажици), шеќер, квасец, (промешајте за да се раствори квасецот) и додадете 3-4 лажици брашно. Оставете ја смесата да стаса.

Ставете го преостанатото брашно во сад, направете дупка и додадете ја солта, маслото, останатото млеко (топло) и стасаниот квасец, измесете многу меко тесто и оставете го настрана за двојно зголемување на волуменот.



Поделете го тестото на 10 еднакви топчиња. Исукајте ја секоја топка во вид на правоаголник, по крајот вдолж ставете од ренданиот кашкавал и завртете како ролат. Спојте ги краевите убаво со притискање на тестото и ставете ги во тавче на кое сте ставиле хартија за печење. Јајцето измешајте го убаво со една лажица масло. Потоа премачкајте ги ѓевреците. Одозгора посипете со семе од афион и ким. Оставете ги ѓевреците да отстојат 30 минути на топло. Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени 15- 20 минути.

На здравје!

Претходна статија

Дали сакате европски филмови?

Следна статија

Салвадор Дали: „Политиката е вицот на историјата“

Најново од Магазин