Полнети компири

/

Состојки:
– 3 компири
– 150 гр. пушена сланина
– 50 гр. маринирани печурки
– 3 кисели краставици
– 100 гр. сирење
– 3 лажички путер

Подготовка: 
Измијте ги убаво компирите и  ставете ги да се варат во солена вода. Откако ќе се сварат излупете ги и направете вдлабнатина со помош на лажичка. Во секоја вдлабнатина ставете путер. Исечете ги сланината, печурките и крставиците. Измешајте ги убаво и ставете од оваа смеса во компирите. На крај ставете го ренданото сирење. Компирите печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.

На здравје!



 

 

Претходна статија

Реакциите на мажите кога ќе дознаат дека ќе станат татковци :) (ВИДЕО)

Следна статија

15 идеи за маникир со темни нијанси

Најново од Магазин