| |

ПОПИСОТ ТРЕБА ДА ГО СПРОВЕДЕМЕ И СЕКОЈ ДА СИ ЈА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТА, ПОРАЧА ЗАЕВ

Пописот треба да го спроведеме, тоа е статистичка операција и секој треба да си ја преземе одговорноста, вели премиерот Зоран Заев.

– Има земји кои што го одложиле, но тие имаат последни податоци од пред 10 години. Ние имаме последни податоци од пред 20 години и навистина правиме грев пред граѓаните со сето тоа што е работење на јавните институции со нивните пари на непознати податоци. Треба да го споведеме пописот и апсолутно е јасно како операцијата се спроведува со анкетен прашалник, согласно протоколите, како што течат сите постапки. Можеме да го завршиме пописот. Тоа е статистичка операција и треба да си ја земеме одговорноста, изјави Заев во одговор на новинарско прашање по денешната посета на „Скопје Ист Гејт”.

Тој појасни дека пописниот прашалник оваа година е олеснет не само кај нас, туку и во многу други земји.

Слични Објави