|

Поплави во црноморскиот бугарски град Царево- започна евакуација

Жителите и гостите на јужниот дел на црноморскиот град Царево се евакуирани поради поплавите предизвикани од обилните врнежи, јавува БГНЕС.

Жителите и туристите се повикуваат да одат на горните катови за да не станат жртви на големите поплави кои веќе ги поплавија првите катови на некои хотели во туристичкиот град. Состојбата е толку лоша што на дел од паркираните автомобили, кои се под вода им се гледа само покривот. Исто така, има извештаи за однесени автомобили во морето.

МВР соопшти дека оперативната состојба на територијата на општина Царево и понатаму е комплицирана. Како последица на обилните врнежи, во оперативниот центар на противпожарната служба Бургас примени се голем број сигнали, главно за одводнување на приземје на куќи и дворови. На лице место работат 10 екипи, а се распоредуваат дополнителни сили и средства.

Ситуацијата е комплицирана во камповите „Нестинарка“ и „Арапја“, каде што бројот на сигнали е најголем. Во општина Царево ќе се активираат сирени за информирање на населението.

Сообраќајот на патниот правец Царево-Варвара поради поплави е времено ограничен во двата правци. Во моментов патниот правец Царево – населба Василико е затворен за сообраќај. На патот кон селото Бродилово има урната карпа. Од општината апелираат да не се патува во тој правец.

Поради влошените временски услови и минливото невреме со грмотевици над територијата на општина Царево, надлежните апелираа жителите и гостите да бидат внимателни. Подобрување на временската прогноза се очекува попладне.



Слични Објави