Поради поседување марихуана притворени Пехчевец и две лица од Берово

/

Поради недозволено поседување марихуана и пуштање во промет психотропни супстанци, приведени се две лица од Берово и едно од Пехчево. По претрес кај едно од лицата, како што информира полицијата, пронајдени и одземени се марихуана, метална кутија со остатоци од марихуана и предмети со остатоци од тетра-хидро канабинол и кокаин.

-Надворешната канцеларија за крининалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Б. (34) од Берово, З.К. (27) од Пехчево и А.Е. (25) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информираа од беровската полиција. При претресот, како што додадоа било констатирано дека Г.Б. неовластено му продал марихуана на З.К., додека А.Е. посредувала да биде извршена купопродажбата. По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: zoom.mk





Претходна статија

Регистрирани 766 новозаболени од ковид 19, починале 15 лица

Следна статија

Арсовска се сретна со Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје

Најново од Вести