ПОРТУГАЛИЈА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

//

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соса прогласи вонредна состојба, за првпат од 1974 година, а мерките против епидемијата на коронавирус стапија на сила на полноќ.

Двонеделната вонредна состојба, која е одобрена од парламентот, е одговор на „невидениот предизвик“ за португалското општество, здравството и економијата, рече Де Соса.

Тој ја нарече борбата против пандемијата како „Херкуловска задача“ и „вистинска војна“ што ќе биде „долга, тешка и неблагодарна“.

Предлог-законот усвоен едногласно преку видео-конференција ги ограничува правата на граѓаните, медиумите, деловниот сектор и организациите.



Во Португалија има потврди 642 заразени и двајца починати, според Светската здравствена организација (СЗО).

Извор: Макфакс

Претходна статија

ВО ХРВАТСКА ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

ОСМАНИ: ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ ПОСТИГНАА КОНСЕНЗУС ОКОЛУ ДОДЕЛУВАЊЕТО ДАТУМ ЗА МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести