ПОСЕН КОЛАЧ БРАУНИ

Истакнато Магазин Храна

Состојки:
– 3 филџани брашно
– 1 лажичка сода
– 6 лажици какао
– 1 прстофат сол
– 2 филџани шеќер
– 3 лажици оцет
– 3/4  филџан масло
– 2 филџани вода
– 2 пакетчиња ванила

Подготовка: 
Во сад измешајте ги сувите состојки (брашното, шеќерот, содата, какаото и солта). Додадете го оцетот, маслото, ванилата и водата. Промешајте ги состојките со рачна мешалка. Во тава (23×33) ставете хартија за печење и ставете ја смесата. Печете на 180 степени, околу 40-45 минути. Извадете го колачот од рерната и оставете го да се излади. Ако сакате, посипете со шеќер во прав или ставете чоколадна глазура.

На здравје!