ПОСТ-ЕПИДЕМИЧНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА

Префиксот „пост“ е актуелен и често користен во општествените науки. Најчесто се користи да ја покаже промената или последицата предизвикана од некаков премин или транзициски скок.

Најчесто се употребуваат: постмодерно општество, постколонијално општество, општество на пост-вистина (post-truth society) и слично.

Неколкумесечната епидемија предизвикана од КОВИД19 донесе низа промени кои го оправуваат воведувањето на префиксот пост во денешен контекст. Тоталитетот на промените од епидемијата може да го обединиме во именката пост-епидемична состојба.

Македонија и другарчињата (Другиот како наше огледало)

Може да се каже дека сме сосема невешти во создавање и одржување на пријателствата. Тоа е затоа што немаме самодоверба и цврсто самоопределение, велат – пријатели на сите се пријатели на никој.

Епидемијата со КОВИД19 сосема ни го помати разумот, па сакајќи да им се поклониме со нашата искривена полтронска кичма на појуначните другари – Хрвати кои треба да не бранат пред школото што не оценува секоја школска година – ЕУ, направивме поштенска марка.

Со таа поштенска марка требаше да го честитаме „Денот на Европа“ на Хрватска и Ден на победа над фашизмот, но наместо тоа го честитавме фашистичкиот подем во Хрватска бидејќи на марката беше аплицирана територијална мапа на Голема Хрватска.

Освен што го покажавме нашиот аматеризам и брзоплетост, целото опкружување го сфати тој гест како навреда, па дури и самите Хрвати.

Голема Хрватска вклучува и територии на денешна Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, па така реакциите стигнуваа од секаде, а се чини најостра беше од оние на кои сакавме да им го полижеме газот.

Но и во дејноста – лижење на газови во кои сме занаетчии, успеавме да направиме клучни пропусти.

На хрватските портали одекна текст со наслов: „Ништо ново во експерименталната држава, некогаш позната како Македонија“.

Авторот вешто успеал да ни врзе жешка шамарчина уште во самиот наслов, кој дел е алузија на најпознаиот роман на Ерих Марија Ремарк кој носи длабока критика кон западот: „На запад ништо ново“, потоа не нарекува екпериментална држава или во превод држава во обид – квази држава и на крај со носталгија се присетува на нашето име кои сами си го сменивме поради што веќе ни самите не знаеме кои сме и што сме.

Македонија и огледалото (автоперцепција)

Исплашени и мали, интрига за самите себе, кои од својата немоќ произведуваат одвратно однесување и последици.

Пријателството не се гради со лижење на туѓи газови, сите сакаат достоинствени луѓе кои секогаш се држат цврство на своите нозе во вертикална позиција.

Ние бегаме од вистината за себе зошто сме немоќни и мрзливи да ја смениме. Полесно ни е да живееме во илузија дека сме фундирачки народ во Европа и дека само сонцето е постаро од Македонија.

(Целата колумна на Магдалена Стојмановиќ за www.veritas.mk можете да ја прочитате овде)