Постапка против градоначалникот на Јегуновце поради инцидент во општинската зграда

/

Секторот за внатрешни работи Тетово изготви и до тетовскиот суд поднесе барање за поведување прекршочна постапка против актуелениот градоначалник на општина Јегуновце, 44-годишниот Д.К. од тетовско Туденце, информираат од МВР.

Според пријавеното, тој во претпладневните часови на 5 јануари во Архивата на општинскиот објект, најпрво вербално се расправал со М.М.(69) од Скопје, управител на приватна фирма, му ги зел, ги стуткал и фрлил документите на една од масите и го истуркал од просторијата.

М.М. бил повикан во општината да достави фактури за претходно извршени услуги за општината, односно поради нерасчистени должничко-доверителни односи, посочуваат од МВР.



До Основниот суд Тетово поднесено е и барање за поведување на прекршочна постапка и против 69-годишникот од Скопје кој, според пријавеното, го навредувал и му се заканувал на градоначалникот на Јегуновце.

Извор: temite.mk

Претходна статија

(Видео) Терзиев: „Нема како македонскиот идентитет да се заснова на антибугаризам“

Следна статија

За да се намали смртноста, државата треба да обезбеди скрининг за рак на грлото на матката

Најново од Вести