ПОСТОЈКАТА НА ЈУГОДРВО Е ВОН УПОТРЕБА

//

Постојката Југодрво, поради изведување на градежни активности на булевар „Кочо Рацин“ привремено не е во функција.
Автобусите од јавниот превоз ќе почнат да ја користат посочената постојка кога ќе се обезбедат услови на терен, односно кога ќе завршат градежните активности, соопштуваат од ЈСП СКОПЈЕ.

Поради градежните зафати, автобуската линија 9 сообраќа по изменета траса во правец од Скопје Север кон Клинички центар, односно, автобусите после Бит пазар, вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Филип Втори Македонски“ (од кај МНТ), кај Градска болница лево по булевар „11 Октомври“ (Зелен пазар) и десно преку булевар „Кочо Рацин“ продолжуваат по вообичаената траса.



Претходна статија

DW: ШТО СЕ БРИШЕ ВО СЈО?

Следна статија

ГРЧКАТА ЦРКВА ПРОГЛАСИ ДЕН НА НЕРОДЕНОТО ДЕТЕ

Најново од Вести