|

Потребна е помош за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија

Светската здравствена организација проценува дека хуманитарната помош е неопходна за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија.

Во Сирија, каде во земјотресот загинаа повеќе од 5.800 луѓе, властите во северозападниот дел на земјата не дозволуваат влез во областа, изјави директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли.

Вели дека тоа го кочи нивното работење и оти проблемот мора што поскоро да се реши.

Додаде дека „ако Европа не сака нов бегалски бран, треба да одвои средства за помош“.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во земјотресот што на 6 февруари ги погоди Турција и Сирија, според последните официјални податоци, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми, јавуваат агенциите.

На југот на Турција се регистрирани 40.642 жртви од земјотресот, изјави шефот на Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД) Јунуз Сезер, додека од соседна Сирија има повеќе од 5.800 загинати.



Слични Објави