|

ПОТРЕСНАТА ПРИКАЗНА НА ЕДНА ЛЕГЕНДА: ТАТО ТИ ЌЕ ЖИВЕЕШ ВЕЧНО

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Енди Кол раскажа за својата борба да остане жив откако пред неколку години му се појавиле проблеми со бубрезите и морал да оди на трансплантација.

Во моментот Кол се наоѓа во изолација заради Ковид-19, бидејќи ако се зарази, тоа може да биде фатално за него.

Од 2017 г. животот на легендарниот напаѓач се претворил во пекол, а тој самиот дури помислил на самоубиство.

„Се обидувам да не гледам далеку во иднината и да живеам ден за ден. Ќерка ми еднаш ми кажа: Тато ти ќе живееш вечно“, а јас и реков дека ќе бидам среќен ако ја дочекам мојата 50-та годишнина. Сега имам 48 години и не знам дали ќе успеам“- вели Кол пред британските медиуми.

Кол вели дека неговиот најголем страв во моментот е неговите бубрези да прекинат да работат. Тој вели уште дека се плаши од самата помисла и се надева дека ќе успее да издржи психички, ако тоа се случи.

„Минатата недела за прв пат по 9 седмици, ја видов мојата ќерка. Таа носеше заштитна маска и визир. Таа беше првиот човек што го видов после повеќе од 2 месеци и откако си замина се чувствував ужасно.“, раскажува Кол.

Пред да започне коронакризата Енди Кол работеше како тренер во тимот на друг познат британски фудбалер Сол Кембел.

Енди Кол е легендарен напаѓач на Манчестер Јунајтед. Со тимот на „Црвените ѓаволи“ во периодот 1995-2001 запишал дури 121 погодоци во официјални натпревари. Кол беше дел од дрим-тимот на Јунајтед кој во 1999 г, го освои легендарниот требл Шампионска лига, титула во Англија и ФА куп под водството на сер Алекс Ферѓусон.



Слични Објави