ПОТВРДА НА НАЈАВЕНОТО ЗАМИНУВАЊЕ: ВАРДАР БЕЗ СЕРАФИМОВ ОДЛЕТА ЗА АНТАЛИЈА!

Лидерот на табелата по есенскиот дел во фудбалската Прва лига, екипата на Вардар, утринава замина на подготовки во Анталија, каде што ќе остане до 4 февруари и каде што ќе одигра шест меѓународни пријателски средби.

Меѓу фудбалерите кои заминаа во Турција го немаше талентираниот Никола Серафимов. Покрај првотимците, на подготовките во Анталија ќе се најдат и дел од најталентираните младинци, чие време допрва доаѓа и од кои ќе треба во иднина да се пополнува првиот тим на Вардар.

Вардарци првиот контроленд дуел ќе го одиграат на 20 јануари против Хајдук Сплит, додека потоа ќе ги одмерат силите со Динамо Киев (23 јануари), Бачка Топола (26 јануари), Црвена звезда (29 јануари), Борац Бања Лука (2 февруари) и со Мура (3 февруари).

Извор: Спорт1