ПОВЕЌЕ ОД 150 ЛЕКАРИ ПОЧИНАЛЕ ОД КОРОНАВИРУС ВО ИТАЛИЈА

/

Најмалку 152 лекари починале во Италија од почетокот на појавата на коронавирусот, според податоците објавени на веб-страницата на италијанската Национална федерација на хирурзи и стоматолози во вторникот.

Според „Ла Република“, на 25 април, бројот на починати кај помладиот болнички персонал во земјата достигнал 34. Во меѓувреме, весникот „Авенире“ објави дека 117 свештеници починале од коронавирус во Италија.

Избувнување на епидемијата на коронавирус беше забележано на 21 февруари на северот на земјата, каде што оттогаш е забележан најголем број на заразени и смртни случаи. Вкупниот број смртни случаи поврзани со коронавирус во Италија достигна речиси 27.000 од почетокот на епидемијата, а заразени се 199.400 луѓе. Бројот на закрепнати надмина 66.000.

Кон крајот на декември 2019 година, кинеските власти ја известија Светската здравствена организација (СЗО) за појава на претходно непозната пневмонија во градот Вухан, во централна Кина. Оттогаш, случаи со новиот коронавирус – наречен Ковид-19 од страна на СЗО – се појавија насекаде во светот.



На 11 март 2020 година, СЗО ја прогласи појавата на коронавирус за пандемија. Според најновите статистички податоци, повеќе од 3.000.000 луѓе се заразени во светот и пријавени се повеќе од 211.000 смртни случаи. Покрај тоа, досега над 923.000лица закрепнале од заразата.

Извор: Макфакс

Претходна статија

МЗ: ОЗДРАВЕНИ СЕ 36 ПАЦИЕНТИ, ПОТВРДЕНИ НОВИ 22 СЛУЧИ НА КОВИД 19,ПОЧИНАТИ СЕ 6 ЛИЦА

Следна статија

СКОПЈАНКА УКРАЛА КНИГИ ВО ВРЕДНОСТ ОД ОКОЛУ 6 ИЛЈАДИ ЕВРА

Најново од Вести