| |

Повеќе од половина од Грците не сакаат име со терминот Македонија

Повеќе од половината Грци не сакаат терминот Македонија да не биде вклучен во името на нашата земја, но само четири од 10 испитаници сметаат дека е изводливо решение без зборот Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Капа рисрч“ за грчката телевизија „Алфа“.

На прашањето, која е желбата на анкетираните за разговорите за името, 56,5 отсто одговараат „да не биде вклучен терминот Македонија“, 38,5 отсто се за компромисно решение со сложено име, а четири отсто посакуваат решение со кое било име, пренесува МИА.

Поделеност има и во однос на тоа што е повеќе во интерес на Грција, дали решение, па макар и со сложено име, (44.9 отсто) или проблемот да не се реши сега и да се остави за во иднина (46.8 отсто).

Мнозинството од анкетираните, 67,5 отсто, сепак, сметаат дека преговорите за изнаоѓање решение треба да продолжат, наспроти 30,5 отсто кои одговориле дека треба да се прекинат.

На прашањето дали ќе се постигне договор, 53,4 отсто одговараат негативно, а 35,9 отсто позитивно.

Дури 64.1 отсто од анкетираните негативно, го оценуваат начинот на кој грчката влада управува со конкретното прашање, а 31.6 отсто дава позитивна оценка.

На прашањето „кои земји претставуваат опасност за Грција“, анкетираните одговориле: Турција 92,5 отсто, Албанија 47 отсто и Македонија 37 отсто.

Во истражувањето на „Капа рисрч“ за ТВ Алфа, учествуваа 1.343 испитаници, а било спроведено од 1 до 9 март телефонски.

Слични Објави